Вести Економија Свет

Заврши засилениот мониторинг на Европските кредитори на грчките финансии

Грција се ослободи од уште една рестрикција воведна од периодот на длабоките економски проблеми кога земјата беше спасена од целосен крах со финансиска помош на меѓународните финансиски организации.

Крајот на таканареченото засилено мониторирање од страна на кредиторите од Европската Унија значи дека државата повеќе нема да мора да се соочува со редовна контрола на своите јавни финансии за да добие ново олеснување на ратите за исплаќање на огромниот јавен долг.

Со ова, централно десничарската влада на премиерот Мицотакис ќе добие поголема слобода и контрола на својот буџет.

Сепак, Грција, како и другите земји членки на ЕУ чиј банкрот беше спречен од огромната финансиска помош,  како Шпанија, Португалија, Кипар и Ирска и натаму ќе биде мониторирана од кредиторите додека ги враќа своите долгови.

Во случајот на Грција, за тоа ќе бидат потребни уште две генерации, при што последните заеми треба да се исплатат до 2070-тата година.

„Што ќе се смени? Што очекуваме? Ние очекуваме дека Грција, дека државата ќе може да оди на пазарите, на слободните пазари и да позајмува под подобри услов. Тоа е многу значајно за националната економија и земајќи ја предвид глобалната ситуација, тоа секако е позитивен резултат. Значи, крајот на засилениот мониторинг за нас значи дека може да имаме подобри или да очекуваме подобри резултати кога станува збор за заемите и за зајакнувањето на националната економија“ – вели експертот за јавни финансии, Панајотис Каркацулис.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе