Вести Економија Македонија

Влада: Просечната нето-плата во јуни се зголеми за 10,9 проценти и достигна 31.869 денари

Владата се пофали денеска дека просечната плата , според државниот завод за статистика,  се зголемила за 3. 125 денари и изнесува 31.869 денари:

„Владините мерки даваат позитивни резултати во континуирано зголемување на просечната месечна нето-плата. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во јуни годинава просечната нето-плата по вработен достигна 31.869 денари, што е за 3.125 денари повеќе од лани истиот месец.

Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека зголемувањето на просечната месечна нето-плата за 10,9 отсто во јуни годинава, се должи пред се на растот на платите во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна каде што е регистриран раст на нето-платата од 23,1%, Уметност, забава и рекреација со 17,5% раст на просечната нето-плата и во секторот Трговија на големо и трговија на мало растот на просечната месечна нето-плата е 16%.

Ваквиот тренд на континуирано зголемување на просечната нето плата во земјата е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата која изнесува 18.000 денари.

Владата продолжува со креирање на мерки и на амбиент за повисоки стапки на економски раст и раст на приходите на сите граѓани, со цел да се унапреди животниот стандард на граѓаните особено во услови на криза“ – соопшти владата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе