Вести Економија Македонија Најважни

Зејтин има, граѓаните да не трупаат залихи, а трговците да ја контролираат продажбата на мало

Трговците и маркетите да ја контролираат продажбата на мало препорача министерството за економија синоќа, а размислува и да донесе забрана ако граѓаните ја злоупотребуваат продажбата за да набават залихи кои понатака можат и да ги препродаваат.

Рафтовите се празни, зејтин нема. И кога ќе стаса го снемува за миг.  Трговците одбвиваат да го продаваат без заработка откако владата им ја забрани за овој основен прехранбен продукт, граѓаните револтирани, но и загрижени заради високата цена.

Но, каде е сончогледовото масло и дали се чува во магацините за продажба кога ќе падне забраната за маржата на терен е надлежниот пазарен инспекторат.

Производителите ги пополнија магацините, се увезува суровина, а на есен и сончоглед.

Побарувачката и потрошувачката за еден месец се зголем идвојно.

Владата се откажа од данокот на додадена вредност, а постојат сомневања дека во неколку региони маслото од рафтовите завршува во соседните земји.

Реагираше и опозицијата на известувањата на министерството но и најаваите дека ќе се ограничува купувањето за граѓаните.

Власта со хаотични и неодговорни изјави е причината поради која граѓаните стравуваат, на крајот пораката на владата е има масло, ама немојте да го купувате, се вели во реакцијата на ВМРО- ДПМНЕ.

Проекцитте се дека прозиводителите располагаат со над 500 илајди литри залихи добиени од суровина, но не и од домашно производство, бидејќи на македонските ниво не се сади доволно сончоглед, а суровите се набавуваат од соседните Србија и Бугарија.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Гвинеја го забрани извозот на суровото злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе