Ова не е време за големи стратегии – туку е време на преживување. Стопанството е во кома. Високите сметки за струја ставија клуч на врата на дел од погоните, но и на цели фабрики. А неизвесноста од кризата може да доведе до откажување на инвестиции, но и на работни места, а понатаму и до затворања. Бизнисот стравува – велат доведен е во прашање опстанокот на компаниите. Стопанствениците од сите региони од Стопанската комора денеска на заедничка маса – ќе кројат мерки кои ќе и ги предложат на владата. Велат време е да се свртиме кон капиталот-оти ние не можеме да ги кренеме компаниите на раце и да ги преселиме надвор.
Ние сега треба да се свртиме кон капиталот. Ние сакаме во моментов да се свтртиме према работникот, а работникот е составен дел на тоа милје и тој треба да биде, апсолутно без него ние ништо не можеме да правиме. Меѓутоа сега во овој момент пресудна работа е да капиталот го каже што е она што со некаква скроман поддршка што би ја добиле да можат да остварат големи ефекти. Затоа што ова не е време за мислење на некои големи стратегии, промени на стратегии итн. Ова е време за преживување– рече Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора на Северна Македонија.
Велат сметките за струја им се најмалку три пати зголемени.Ако плаќале 100.000 евра сега плаќаат 300.000 евра. Од декември бараат помош од Владата- но велат крајно време е-кризата го загрозува опстанокот на компаниите.
Компаниите се во една најтешка состојба, да не кажам во кома. Компании кои веќе затворија дел од произвосдтво и само она што го имаат договорено работат како Свислион, Фасада, па дури и млекарите. Комплетно базата каде што треба Пелагонија да прави развој на оваа земја коај имаше 20 % од БДП , сега имаме 11 или 12%. Наместо да рстеме 20-30% кога се очекува инфлација и зголемување. Ние компаниите не можеме да правиме ни развој, а камо ли мислам дека дури и опстанокот зависи од оваа криза.
Велат спремни се да инвестираат во фотоволтаици, но бараат да се тргнат бирократските пречки.
- Спремни сме голем дел од сопствените средства да ги инвестираме во сончева енергија во фотоволтаици со цел главниот трошок на енергетскиот импакт на нашата цена да го надминеме. Меѓутота имаме административни пречки од локалните властои каде што функционираме и стопаннисуваме . Ги замолуваме локалните власти заедно со владинаат политика да ги надминат пречките и да “штанцаат“ дозволи за да може да инвестираме во фотоволтаици и барем еден дел од кризата да ја надминеме
Покрај помош за високите цени на енергенсите, поддршка на извозот, борба со сивата економија, корупцијата и неажурната администрација – компаниите ќе бараат и гаранции од Владата дека нема да воведе дополонителни даночни давачки.
Александра Филиповска
