Вести Економија Топ вести

Ако трпи штета работникот – ќе трпи цела држава, ССМ се закани со генерален штрајк

Се радикализира најголемиот синдикат во земјава- се закани со генерален штрајк. Велат ако работникот трпи штетта-цела држава ќе трпи. Наместо првомајски марш, за денот на трудот ССМ ќе организира протест. Велат ако владата остане глува на нивните барања проетстот ќе премине во Генерален штрајк. Бараат, од 1 мај  по 2.806 денари за сите работници  како усогласување со минималецот. Велат инфлацијата ја изеде работничката плата. Синдикалната кошничка во март достигна 36.768 денари и е за 920 денари повисока од јануарската.

 Генерален штрајк ќе значи сите оние синдикати кои се организирани во ССМ и онаму каде што ќе има членство ќе прекинат со процесот на работа во работно време. Ако трпи работникот штета, ќе трпи целата држава,ќе трпат сите работодавачи,сите институции штета- изјави Дарко Димовски, претседател на ССМ, вели Дарко Димовски, претседател на ССМ

Втор ден веќе трае и протестот на Синдикатот на УПОЗ. 13.000 работници во дражавните управи, агенции, министерства,судови и општини  не работеа од 10 до 12 часот и протестираа пред институциите. Му порачаа на Премиерт дека ако с ена негово место, за пет минути би ги разрешиле сите министри. Лути се дека надлежните ги игнорираат нивните барања и не ги почитувата законите.

Кога имате Закон за минимална плата, зошто треба да се измени друг закон за да се добијат 18.000 денари минимална плата? Нема логика правна никаква. Значи државата, не знам кој го советува премиерот искрено да ви кажам, не знам министрите што прават, не знам тие раководители на финансии што прават. Имате Закон за минимална плата кој важи за сите вработени во државата. Без разлика дали е јавен сектор дали е приватен сектор. Какви се овие, можам да кажам слободно игри? Зошто владата не си ги почитува сопствените закони не знам. Јас да сум на место на премиер, мене да ми се случи ова, јас би ги разрешил сите министри во пет минути. –  вели Трпе Дејаноски, претседател на УПОЗ

 

 

Ова е прв пат јавните обвинителства и вработените на некој начин да им дојде преку глава за д амораат да излезат надвор и да побараат усогласување со минимална плата. Значи ја иозвестуваме јавноста дека ние не бараме покачување на плата, него ние бараме да се почитуваат законите- Изабела Илиева, синдикат на Јавни обвинителства

Од Сојузот на синдикатите велат дека незадоволствоот кај вработените расте- сите грански синдикати веќе носат одлуки за радикализација. А радикализација денсе најави и синдикатот на УПОЗ. Велат  ако владата продолжи да ги игнорира –  ќе го прашаат членството во каква форма ќе го изразат револтот понатаму.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Гори меѓу Грчец и Шишево и во радовишко – осум изгаснати пожари

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе