Намалувањето на населението е почнат процес со депопулација на одредени региони и општини, тврди поранешнито директор на Државниот завод за статиските Дончо Герасимовски.
Во гостувањето на вечерашната Топ Тема на Телма, на која се дискутираат токму резултатите од пописот, Герасимовски посочи дека од 1992 година наваму населението постојано се намалува.
Според природното движење на населението од 2002 до 2021 имаме некаде во околу 40 општини намалување, по природен пат, на населението. За тоа длабински анализи можеби треба да се прават. Според претходните податоци за 2021 за природно движење на население имаме некаде 18.850 живородени а 28.816 умрени, тоа е разликата од 10.236 жители, посочува Герасимовски.
Поранешнито директор на ДСЗ вели дека податоците од пописот не можат да бидат комплетни затоа што државата не води евиденција на иселени.
Не е целосен опфатот, тоа не е попис, тоа се направило обид да се попише нашето население кое што живее надвор од земјата повеќе од 12 месеци. Имајќи во предвид колку наназад со години, земјите од Балканот традиционално мигрираат, тоа не е од сега, ако Светска банка, ако ООН кажуваат дека во светот има околу 600.000 македонски државјани кои што живеат надвор, тоа е нешто друго, ако Евростат кажува дека некаде за 10-на години наназад во земјите од ЕУ има околу 175.000 македонски државјани, тогаш за кои бројки ќе зборуваме, вели Герасимовски.