Вести Економија Македонија

Македонската индустрија со недостиг од квалификувана работна сила

Потребна е квалификувана работна сила во македонската индустрија. На младите им недостасуваат информации каде и кои Програми можат да ги искористат, бидејќи текстилната, но и останатите индустрии бараат да се користат и дигитални алатки. Јасмина Чапова, која работи три де дизајн смета дека компаниите за да ги привлечат младите во текстилниот сектор мора да им ги понудат дигитални технологии. Според неа мотивицаијата изостанува поради тоа што им се нуди работа, какошто работеле нивните баби и мајки на машина за шиење.

85% од компаниите се подготвени да ги отворат вратите за пракса на учениците. Анализите на граѓанскиот сектор покажуваат дека не е сосема точно мислењето оти младите сакаат да работат во администрација.

Митровиќ и Чапова сметаат дека отворањето на канцеларијата МладиХаб во Штип  на Националниот младински совет со помош на Британската амбасада на младите од источниот регион ќе им  овозможи добивање на повеќе  информации за вработување, мерки, квалификации.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе