Вести Економија Свет

Централната банка на Русија одговори на замрзнувањето на резервите, воведувајќи ограничувања на Западот

Русија примери реципрочна мерка и го ограничи готовинскиот тек кон „непријателските земји“ како одговор на замрзнувањето на дел од нејзините резерви, соопшти денеска руската централна банка.

Банката на Русија потсетува дека како одговор на западните санкции, владата веќе забрани продажба на хартии од вредност на странски инвеститори и повлекување средства од рускиот финансиски систем.

„Покрај тоа, исплатата на корпоративниот долг на руските компании и јавниот долг кон доверителите од земјите кои поддржуваат санкции против Русија ќе се врши само со дозвола на владината комисија. Со други зборови, како одговор на замрзнувањето на дел од резервите на Русија, Русија воведе и ограничувања за движењето на средствата кои би можеле да бидат префрлени во непријателските земји за споредлива сума“, се вели во соопштението на Банката на Русија.

Според податоците на руската централна банка, на 18 февруари, меѓународните резерви на Русија достигнаа рекордни 643,2 милијарди долари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе