Вести Економија Свет

Путин: Гасот на непријателските земји да им се наплаќа во рубљи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ќе почне да им продава гас на „непријателските“ земји во рубљи, откако, како што рече, замрзнувањето на рускиот имот од страна на голем број западни земји ја уништи довербата на Москва.

Но, рече дека ќе ги почитува претходно потпишаните договори.

Русија состави листа на „непријателски“ земји, која првенствено се однесува на земјите кои воведоа санкции кон Москва. Тоа се ЕУ, САД, Британија, Канада, Јапонија, Норвешка, Сингапур, Јужна Кореја, Швајцарија и Украина.

Според „Газпром“, почнувајќи од 27 јануари, 58 отсто од нивната продажба на природен гас во Европа и другите земји првенствено е договорена во евра, 39 отсто во американски долари и околу три отсто во фунти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе