Вести Економија

Битолските потрошувачи се жалат на цените

Цените на основните прехрамбени производи се високи, се жалат битолчани и велат дека не очекуваат нивно драстично опаѓање со владините мерки „нула ДДВ“ и ограничена трговска маржа. Некои реагираат дека не секаде можат да ги најдат лебот, маслото, брашното и дека понекогаш наидуваат на испрзнети рафтови во малопродажба, па се принудени да обиколат повеќе колонијали за да се снабдат со се што им треба.

Не се полни рафотвите како што беа, но може да се најде. Ако земаме по едно по две ќе има за сите, вели битолчанка.  

И од Органзиацијата на потрошувачи во Битола велат дека и кај нив граѓаните се жалат на високите цени, но и недостиг на некои од основните прехрамбени артикли.

Имаше поплака дека во дел од помалите маалски продавници  го нема лебот на понуда на потрошувачите, така што  и постари изнемоштени луѓе се принудени да одат подалку за да се обезбедат со еден таков основен производ во нивната исхрана, вели Снежана Димитровска од ОПМ Битола.

Граѓаните на фискаланитe сметки можат да проверат дали лебот, брашното, шеќерот, маслото, млекото, месото, оризот и јајцата се продаваат без Данок на додадена вредност. Надлежните најавија засилени инспекциски контроли дали трговците ги почитуваат владините антикризни мерки.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе