Жоан Зарко беше најбрз во квалификациите за третата трка сезонава во најсилната класа од СП во мотоциклизам.Пилот на Авинтија Дукати успеа да освои пол позиција,петта во кариерата, со резултат 1.55.687 возејки преку 315 километри на час на стартно-целната рамнина во Брно, побрзо за 10 километри од второпласираниот Фабио Квартараро ,победникот на претходни две трки во Херез.Квартараро беше за 8 илјадитинки подобар од клупскиот колега во Петронас Јамаха,Франко Морбидели.Одличен резултат оствари Алеш Еспаргаро на Априлија како 4-ти, пред првата фабричка Јамаха управувана од Маверик Вињалес.КТМ со Пол Еспаргаро и Бред Биндер ги освои следните две позиции.Валентино Роси финишираше на 10.место.Светскиот првак Марк Маркез поради втората операција на повредената рака го пропушта викендот во Чешка.
Мото ГП: Зарко на пол позиција во Брно
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
