Фабио Куартарато и Такаки Накагами забележаа најдобри резултати на слободните тренинзи пред неделниот старт на трката од Мото ГП шампионатот во Брно.
Французинот во втората сесија имаше за само седум илјадити дела од секундата подобар резултат од тимскиот колега Франко Морбидели додека трет беше Португалецот, Мигел Оливеира.
На првиот слободен тренинг Накагами имаше 11 илјадити дела од секундата подобро постигнување од Жоан Мир, а третото место му припадна на Пол Еспаргаро.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.