Спорт Фудбал

Лион против Јувентус за спас на сезоната

По скоро шест месеци пауза продолжуваат возбудувањата во елитното европско клупско фудбалско натпреварување. Денеска и утре ќе бидат познати последните патници во четврт-финалето и четирите екипи кои ќе бидат дел од завршниот турнир што ќе се одржи во Лисабон.

Дуелот против Јувентус е последната шанса за Лион да ја спаси сезоната во која поради прекинот на првенството во Франција нема да биде дел од европските клупски натпреварувања во новото издание.

Лион има предност од еден погодок, но огромен хендикеп за тренерот Руди Гарсија е податокот што неговите фудбалери по скоро пет месеци имаат одиграно само е меч од натпреварувачки карактер. Колку Гарсија успеа да ја подигне формата на своите играчи на петте контролни дуели во кои забележа четири победи и поразот од Пари Сен Жермен во финалето на Купот е големо прашање.

Додека на спротивната страна Јувентус е во натпреварувачка форма со оглед на фактот дека сезоната во Италија заврши пред неполна недела.

Двете екипи до сега имаат одиграно пет натпревари и тоа сите во последниве шест години. Старата дама има три победи, а единствениот триумф Лион го забележа во февруари оваа година.

Французите до овој момент од 10 обиди четири пати успеале да се пласираат во четврт-финалето додека за Старата дама ова ќе биде седми пласман меѓу осумте најдобри во елитното натпреварување.

Почетокот на натпреварот е закажан за 21 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе