Спорт Фудбал

Манчестер Сити пред пласман во 1/4 финалето

По скоро шест месеци пауза продолжуваат возбудувањата во елитното европско клупско фудбалско натпреварување. Денеска и утре ќе бидат познати последните патници во четврт-финалето и четирите екипи кои ќе бидат дел од завршниот турнир што ќе се одржи во Лисабон.

Манчестер Сити има можност по четврти пат во клупската историја да се пласира во четврт-финалето од Лигата на шампионите.

Вицепрвакот на Англија по првиот дуел има предност од 2:1 и е во добра позиција да му се реваншира на Кралскиот клуб за елиминацијата во полуфиналето пред четири години кога победникот го реши само еден погодок.

Во претходните обди Манчестер Сити успеал да ги елиминира Пари Сен Жермен, Шалке и Базел, а последна пречка пред влез меѓу осумте најдобри биле два пати Барселона и Монако.

На спротивната страна Реал заедно со Барселона е рекордер во шампионската лига со 24 пласмани во елиминациската рунда и тоа се единствените две екипи кои во сите изданија од елитното натпреварување успеале да ја минат фазата по групи.

Во последниве 15 сезони, Реал седум пати успеал да го мине осминафиналето, а доколку се пласира во вториот круг за шпанскиот првак ова ќе биде вкупно 16-ти настап во четврт-финалето. Патем во изминативе скоро три децении откако се игра во новиот формат само пет тима успеале по пораз на домашен терен да го елиминираат противникот.

Што се однесува до составувањето на тимовите, Жозеп Гвардиола не може да смета на повредениот Серхио Агуеро кој е надвор од тренажен процес скоро еден месец, а Бенжаман Менди паузира поради жолти картони.

Во Реал ќе недостасува капитенот Серхио Рамос, Маријано Дијаз кој беше позитивен на Ковид 19, а во Мадрид остана Герет Бејл.

Натпреварот се игра на стадионот Етихад и почнува во 21 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе