Шпанија ја совлада Италија со 2:1 и се пласираше во финалето на завршниот турнир во Лигата на нации. Црвената фурија прекина неколку рекордни серии на актуелниот европски шампион, кој по три години и еден месец го забележа првиот пораз на еден официјален натпревар.
Репрезентацијата на Италија за прв пат ја почувствува горчината на поразот по 37 натпревари во кои имаше низа од 28 победи и девет нерешени резултати, а последниот неуспех беше забележан на 10 септември 2018 година кога на триумф се радуваше селекцијата на Португалија.
Шпанците не само што ја прекинаа победничката серија на Аѕурите, туку на противникот му го нанесе првиот пораз во Милано по скоро 96 години. Последен пат репрезентацијата на Италија во овој град е совладана во 1925 година од Унгарија, кога противникот славел со 2:1.
Дуелот на Сан Сиро ќе се памети и по дебито на шпанскиот репрезентативец Гави, кој со 17 години и 62 дена е најмладиот дебитант во историјата на националниот тим.