Спорт Фудбал

Фудбалер крвнички го нападна судијата, па беше уапсен за обид за убиство (ВИДЕО)

Бразилски фудбалер денеска беше уапсен од полицијата поради физички напад на судија за време на натпревар во пониските лиги во јужноамериканската држава. Фудбалерот е обвинет за обид за убиство и го очекува тешка затворска казна.

Натпреварот помеѓу Сао Пауло и Гуарани во петтата бразилска фудбалка лига беше прекинат во 60.минута поради голем инцидент.

Фудбалерот на Сао Паоло, Вилијам Рибеиро протестираше кон судијата заради прекршок, па откако не го доб,и физички го нападна. Прво го турна на земја и потоа со нога го удри во глава по што судијата ја загуби свеста.

Веднаш реагираше брзата помош, која му укажа медицинска нега, а полицијата го уапси фудбалерот. Бразилските медиуми објавија дека судијата се чувствува добро, а дека против Рибеиро е покренато обвинение за обид за убиство.

Сао Пауло веднаш го раскина дгововор со фудбалерот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе