Лионел Меси денеска се врати на тренинзите на ПСЖ по повредата на коленото што ја заработи минатата недела против Лион во Лига 1.
Аргентинецот неколку дена беше надвор од стројот и не беше во тимот на „светците“ за дуелот со Монпелје. Тој денеска тренираше без проблеми и веројатно утре ќе биде во почетниот состав против „граѓаните“ во Лигата на шампиони.
Маурисио Покетино е среќен, бидејќи на располагање го има и Марко Верати, кој исто така се опорави од повредата. Надвор од стројот и натаму е Серхио Рамос, кој и се уште немал деби во дресот на ПСЖ, повредени се и Хуан Бернат и Лајвин Курзава, додека суспендиран е Анхел ди Марија.