По двата нерешени резултати против Ерменија и Исланд, македонската фудбалска репрезентација утре против Романија во Скопје има можност да ја забележи првата победа во продолжението од квалификациите за Светското првенство.
Голманот Столе Димитриевски очекува победа и конечно со триумф да ја крунисаме добрата игра на претходните две средби.
“Мојата цел ќе биде како и на првиот натпревар, ќе се обидам заедно со соиграчите да не бидам совладан. На претходните два меча шансите на противникот се минимизирани, тоа зборува за нашата добра поставеност во дефанзива и дека целосно ги разбираме тактичките барања на селекторот. Одигравме одлични 75. минути во Исланд, направив грешка за првиот гол, а потоа ни се случи психолошки пад. Но, анализиравме, работевме на сите аспекти во играта и се надевам дека утре ќе бидеме на високо ниво”, истакна Димитриевски.
ФОТО: Игор Паневски