Спорт Фудбал

Наместо сигурен триумф, само бод за Македонија во Рејкјавик (ВИДЕО)

Македонските фудбалери испуштија чиста победа на гостувањето кај Исланд во рамки на квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година. Избраниците на селекторот Благоја Милевски имаа водство од 2-0 до 78.минута од натпревар, но на крајот мораа да се задоволат со реми.

Неверојатниот пад во играта во финишот од дуелот во Рејкјавик не чинеше да загубиме два бода. Македонија беше доминантна создаваше шанси и водеше со 2-0. Прво Дарко Велковски погоди со глава по корнерот на Езгјан Алиоски во 12.минута. Исланд во првиот дел буквално не дојде до нашиот гол, а во 54.минута веќе имавме 0-2 со голот на Езгјан Алиоски по еден одличен соло продор.

Го контролиравме натпреварот се до 78.минута, кога нашиот голман Столе Димитриевски им подари гол на домашните по еден слободен удар ја одби топката до ногата на Бринјар Бјарнасон, кој на празен гол погоди за 1-2. Кратко потоа Александар Трајковски ја погоди стативата, а бевме казнети на спротивната страна преку синот на легендарниот Ејдур Гудјонсен, Андри во 84.минута за 2-2.

Тоа не беше крај на возбудувањата, бидејќи во 94.минута Дарко Чурлинов биеш одлично со глава, а домашната одбрана ја спаси својата мрежа со интервенција на самата гол-линија.


На нашето трето гостување во Рејкјавик остануваме без триумф, сега со две ремија и еден пораз. Во следното коло во мундијалските квалификации ја пречекуваме Романија на 8.септември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе