Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува настапите во квалификациите за Светското првенство. На утрешниот дуел против Ерменија на клупата на националниот тим ќе дебитира новиот селектор Благоја Милевски,
“Пред се сакам да ја искажам мојата благодарност до Пандев, Тричковски, Велковски кои веќе не се дел од репрезентацијата, а дадоа многу. Неминовно беше одредено освежување на тимот, иако голем дел од составот го сочинуваат фудбалери кои веќе беа тука. Сета наша концентрација е насочена кон тоа да функционираме како тим. Времето е кратко, но тоа што го видов од момците ми дава за право да бидеме позитивни. Периодот е специфичен, многу од фудбалерите сеуште го немаат правиот натпреварувачки ритам, или имаат мала минутажа во своите клубови, тоа може да биде наш проблем, но затоа се освежувањата во тимот. Знам дека ќе го дадат својот максимум и ќе потврдат дека со право се тука. За сите тактички работи не би зборувал, сите конкурираат за првите 11-ет, исто како и за формацијата во која ќе настапиме. Ерменија е доста квалитетен тим, се гледа одличната работа на селекторот. Против Шведска и Хрватска одиграа одлични контролни натпревари, имаат три победи во групата и тоа доволно зборува за силата на противникот”, изјави Милевски.
ФОТО: Игор Паневски