Спорт Фудбал

Канатларовски не може да смета на Рустемоски

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ги почна подготовките за квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство. Уште на самиот почеток новиот селекторот Драган Канатларовски нема да може да смета на четири играчи. Поради позитивни тестови на инфекција со корона вирусот двата дуели ќе ги пропуштат Марио Младеновски, Адријан Хајдари и Димитар Тодоровски, а поради повреда настапот го откажа Амел Рустемоски.

“Започнавме со подготовките, се надевам дека се ќе биде во ред до натпреварот со Франција. На двата тренинзи ги реализираме идеите на новиот селектор, имаме одлична комуникација и се обидуваме да ги реализираме неговите замисли . Располагаме со квалитетен тим, се надевам дека ќе ги оствариме поставените цели пред почетокот на овој квалификациски циклус. Фокусирани сме максимално на првиот натпревар и дуелот со селекцијата на Франција. Не очекува тежок меч, но ова е фудбал и сѐ можно. Се надевам дека ќе се прикажеме во добро светло и се надеваме на позитивен почеток во квалификациите и тешкото гостување во Ле Ман. Франција е топ фаворит во групата и тешко е да се ветува било каков резултат. Имаме право да ветиме дека ќе дадеме максимум од нашите можности и тоа ќе го направиме”, изјави членот на националниот тим, Арби Воша.

Првиот натпревар нашите фудбалери ќе го одиграат на втори септември во Ле Ман, а противник ни е селекцијата на Франција. Пет дена подоцна во Охрид ја пречекуваме репрезентацијата на Србија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трапановски: Со добар тактички пристап против силата и квалитетот на Белгија

Дејан Дејан

Мекларен повторно доминантен: Пјастри пред Норис во Шпанија

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го потврди првото засилување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе