Во деновите кога броиме четирицифрени бројки на нови случаи и двоцифрени бројки на жртви се поставува прашањето колку високите владини преставници и градоначалниците ги почитуваат протоколите како да се работи и постапува во ек на пандемија, дури 80 на број, кои сами ги донесоа.
А протоколите се јасни, барем кога станува збор за настани на отворен простор, задолжителни маски, пулт за новинарските микрофони со задолжено лице да ракува со нив и да ги дезинфициран по секој говорник и дистанца од најмалку два метри за медиумиските работници.
Телма присуствуваше на три прес конференции на министри од владиниот кабинет. Не едниот настан воопшто не се почитуваа мерките, на вториот делумно а на третиот имаше иновација барем кога станува збор за пултовите.
Во скопско Јурумлери беше вицепрмиерот Фатмир Битиќи и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски. Срдечни ракувања, разговори со и без маски на учесниците. Во официјалниот дел не беше запазена ниту една мерка, снимателите групирани исто како и новинарите со микрофоните во раце бидејќи немаше пулт.
За вицепремиерот Битиќи немаше ништо спорно, градоначалникот Георгиевски ги прифати забелешките.
Во НУБ, посетата на министерката за култура Стефоска беше подобро организирана но со пропусти. Пултот за новинарските микорфони беше поставен, но просторот избран за одржување на прес конференцијата не овозможуваше да се одржува задолжителната дистанца меѓу медиумските работници. Министерката вината ја лоцираше кај снимателите кои требало самите да внимаваат.
Новинарските екипи беа повикани да влезат во бибилотеката а на влезот, согласно протоколите им беше мерена телесната температура.
Министерката Царовска одржат прес конференција на ФЕИТ. Дистанцата беше запазена барем кога станува збор за неофицијалниот дел, но кога требаше да се дадат изјави, пулт немаше. На нашето укажување следуваше брза реакција, студенска иновација и пулт составен од столчиња и маси.
Во меѓувреме од Владата беше испратен мејл со информација од средбата на министерот за економија Крешник Бектеши со градоначалникот на Сарај Блерим Беџети, во скопско Раовиќ, каде судејќи по официјалните фотографии не беше запазена ниту една мерка во владиниот протокол број 72.
Огнен Чанчаревиќ
