Вести Македонија

СДСМ откри сомнителни тендери вредни над 100 милиони евра поврзани со владејачката партија, потенцираше Филипче во Вин Вин

Во емисијата „Вин Вин“ на ТВ Телма, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати остри критики до владејачката ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги за коруптивни скандали, блокирање на демократската дебата и претворање на законодавниот дом во инструмент на партијата.

Филипче откри дека антикорупцискиот тим на СДСМ веќе идентификувал сериозни сомнежи за криминал во тендерските процедури, кои според неговите зборови, се директно поврзани со врвот на власта.

  • „Нашите прес-конференции се резултат на активноста на антикорупцискиот тим. Станува збор за тендерски процедури кои веќе надминаа над 100 милиони евра, со компании кои се директно поврзани со членови на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто да не ги наречеме ОКГ (Организирана криминална група)?“, запраша Филипче.

Лидерот на опозицијата се пожали дека дијалогот меѓу власта и опозицијата во Собранието е непостоечки и дека амандманите на СДСМ се одбиваат по автоматизам.

  • „Собранието е претворено во еден механизам на штанцање на закони така како што и одговара на власта, без да има слух за нашите предлог-амандмани. Како по автоматизам се одбиваат. Собранието им е субмисивно и на далечинско им ги носи законите напишани во ‘Белата палата’“, изјави тој.

Филипче изрази загриженост за насоката во која се движи Македонија, нагласувајќи дека реформската агенда е блокирана, а буџетот е во лоша состојба.

  • „Државата е блокирана, тотално во аут. Во ‘слепо црево’ сме. Буџетот е со огромна дупка, а премиерот не одговара каде ја носи државата. Сакаа да им направат трик на европските институции со законите, но тие луѓе не се наивни и ги вратија законите назад“, потенцираше претседателот на СДСМ.

На прашањето за нискиот рејтинг на партијата во анкетите, Филипче најави нов почеток преку новата политичка програма која треба да го врати СДСМ на левиот центар.

  • „Новата програма се вика ‘Твоја држава, твоја шанса’. Таа признава дека и ние бевме на еден друг пат, можеби помалку левица, а повеќе центар, и сега нудиме промена“, заклучи Филипче во интервјуто.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе