Иран за време на разговорите со САД во Швајцарија не преговарал за својата нуклеарна програма, ниту, пак, прифатил какви било нови обврски, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, за иранската новинска агенција ИРНА.
Тој истовремено наведе дека соработката на Техеран со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ќе продолжи во согласност со постоечките процедури, одлуките на иранскиот Парламент и Врховниот совет за национална безбедност на Иран.
Претходно денеска, потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека Иран се согласил повторно да ги повика инспекторите на МААЕ во земјата.
„Тоа е голема пресвртница за американскиот народ. Поставен е многу добар темел за конечен договор“, рече Венс, додавајќи дека ова е голем чекор кон денуклеаризација на Иран.
