Вести Македонија

Ќе одговара за убиство со умисла на Крит – поднесено обвинение против македонски државјанин во Грција

Четириесет и тригодишен македонски државјанин е обвинет за убиство со умисла во Грција, откако го призна делото врз две години повозрасна жена на Крит. Предметот е формиран и доставен е до Основното јавно обвинителство во Ханија.

Според локалните власти, случајот е сложен, бидејќи исчезнувањето на жртвата (Ставрула Левендаки) било пријавено на 8 јуни 2026 година, а истрагата утврдила дека таа исчезнала уште на 30 мај.

„Соочен со непобитните докази што беа собрани, обвинетиот го призна делото и на полицајците им го кажа точното место каде што го пренел и скрил телото на жртвата, на приватна земјоделска парцела во областа Ватилакос кај Ханија. Веднаш беше организирана операција за истрага на посочената локација, во присуство на форензичар и специјализирани екипи. За време на ископувањето беше пронајдено телото на жртвата, закопано во земја, завиткано во повеќе ќеси и врзано со пластични стеги, целосно потврдувајќи го доказите собрани во текот на предистражната постапка“, објасни директорот на полицијата во Ханија.

Како што вчера објави МИА, зад убиството стои 43-годишниот М.Л. со македонски пасош, кој повеќе години живее и работи на Крит и нема криминално досие, а бил потстанар во куќата на убиената и последниот кој ја видел, со што во изминатите денови беше и главниот осомничен.

За исчезнувањето на 45-годишната Ставрула Левендаки на почетокот на месецов беше издаден „missing alert“, а потстанарот во нејзината куќа, македонскиот државјанин беше и последниот кој ја видел откако го посетила за да ги земе парите за киријата и да го провери станот на 30 мај по што ѝ се загуби секаква трага.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Гвинеја го забрани извозот на суровото злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе