Вести Македонија Најважни

Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски доби притвор

Притвор за поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски во врска со истрагата за три милиони евра штета на Куќата на фудбалот преку незаконски исплати на фирми. За четворица осомничени, Кривичниот суд одреди мерки за претпазливост како што бараше обвинителството. Осомничен е и наследникот на Ѓорѓиоски на функцијата, Муамед Сејдини кој од пред два месеца е зад решетки за друг случај со проневера во ФФМ.

За време на мандатот на Ѓоргиоски, од 2015 година до јули 2018 година, присвоени се два милиони евра, а откако функцијата ја преземал Сејдини до октомври 2019 година присвоени се близу 900.000 евра.

„Прво и второосомничениот, како службени лица претседатели на ФФМ, имаат потпишано вкупно 728 платни налози кои што им биле доставени од страна на третоосомничената за потпис и за реализација“, изјави обвинителот кој ја води истрагата Фатон Азизи.

Третоосомничена е Олгица Младеновска која вршела манипулации со сметководствената евиденција на ФФМ. Се гони и раководител на Одделот за судии и судење, а останатите се управителите на фирмите. Младеновска во 2019 добила отказ од Сејдини кој, според информациите, се бранел дека не бил свесен што потпишува. Фирмите соработувале со ФФМ, но дел од стоките кои се исплаќале не биле испорачувани.

„Дел од паричните средства кои ги имаат добиено на незаконит и противзаконит начин ги имаат вметнато преку Олгица и истите да бидат потпишани од службените лица во својство на претседателите на ФФМ. Обезбедивме докази во предистражната постапка дека тие услуги за кои се издадени фактури никогаш не стигнале до ФФМ“, додаде обвинителот.

Вкупно во истрагата се опфатени 18 лица и осум фирми и се гонат за проневера во служба и перење пари. Три фирми се згаснати, но на листата на осомничени се нивните управители. Петмина осомничени не се достапни на органите на прогон.

Кривичната пријава од страна на Финансиската полиција е поднесена во 2020 година, а обвинителот Азизи започнал да работи на случајот во 2024 година, откако го преземал од негов колега.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хоџа: Работиме на регистар за секој граѓанин да има увид кој капацитет колку загадува, ако не се реализира проектот ќе сносам одговорност

Sasko Dimovski

Хоџа уверува: Обновената дозвола за „Титан Усје“ ќе биде според новиот закон

Sasko Dimovski

Починаа седум лица со попреченост поради скратените часови за лична асистенција, велат од Коалицијата „Менуваме“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе