Љупчо Грнчиштанов, обвинет во трагедијата „Пулс“ почина утринава, потврдија од неговото семејство за Телма. На Грнчиштанов му се слошило синоќа и бил во пренесен во Клиничкиот центар. Таму му била дадена инфузија, но не бил задржан. Утринава починал.
Грнчиштанов во периодот од 15 јануари 2013 година до 16 март 2025 година ја извршуваше функцијата генерален инспектор, односно раководител на Инспекциската служба во Дирекцијата за заштита и спасување. Во рамки на предметот за трагедијата во Кочани, тој беше обвинет за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“. Помина 77 дена во ефективен притвор, по што речиси 14 месеци беше во куќен притвор.
Од Јавното обвинителство соопштија дека ќе издадат наредба за обдукција.
