Животот со Шеферд е единствениот живот за кој што знае Селах. Нивната самодоволна заедница не поседува модерна технологија и е скриена во шумата, далеку од модерната цивилизација. Тој е чувар, учител и љубовник на групата. Секоја од многуте женски членови на групата е или негова сопруга или ќерка. Селах е чиста во верата, но исто така и опасно своеглава. Таа била одгледана како ќерка на Шеферд, но само е прашање на време кога и таа ќе стане сопруга. Додека средбата со властите ги принудува жените и Шеферд да изградат нов дом, подалеку во внатрешноста. Селах сè повеќе се сомнева во својата вера и има чудни, крвави визии. Почетокот на пубертетот носи со себе сурови нови ритуали и нејзиниот прв шокантен поглед на тоа што се случува со жените на Шеферд кога ќе остарат.
ДРУГОТО ЈАГНЕ – сабота, 20 јуни 2026 – 22:30
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
