Тоа што открив дека премиерот ми се јави да се запознае за предметот за мазутот не гледам дека ми се удри од глава, изјави републичкиот Јавен обвинител, Ненад Савески во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„На секој телефонски повик јас одговарам. Тоа не беше тема на разговорот воопшто, ниту беше побарано од претседателот на владата, јас да му реферирам за предметот“, рече Савески.
Тој потоа и даде сопствено видување на телефонскиот повик од премиерот.
„Јавниот обвинител е оној кој што е прв во таа институција. Претседателот на владата е оној кој, меѓу останатото, не може да нема интерес на она што е право на ЕСМ, ЕСМ е правно лице со државен капитал. Мене ми е разбирлив интересот на премиерот да ми се јави и да ме праша дали ЕСМ може да оствати некое свое право по оваа јавнообвинителска одлука. Да, му кажав, имаат право на приговор. Кој е рокот во кој што треба да се… Практично, немаше ниту еден збор што јас го почувствував како притисок. Просто, тоа го доживеав како природна реакција на некој што е засегнат, а ја предводи владата“, објасни Савески.
С.Д.
