Еден е поранешен шеф на кабинет на министер, на вториот му дале препораки поранешни политичари. Феузи Џафери и Артим Ислами се кандидатите за нов член на Судскиот совет, тело кое унапредува и разрешува судии. Двајцата се адвокати, Феузи Џафери во Гостивар додека Артим Ислами во Струга.
И на двајцата биографиите им се јавно објавени на сајтот на Собранието. Во биографијата на Џафери меѓу другото пишува дека бил и шеф на кабинет на Министерот за образование и наука од 2006 до 2008 година.
Во тоа време Министер бил Сулејман Рушити од ДПА во владата на ВМРО ДПМНЕ.
Во документите испратени до собранието има и препораки издадени од професори адвокати невладини.
Вториот кандидат Артим Ислами исто така е адвокат, но тој немал искуство во кабинет на министер. Бил приправник во судот во струга па адвокат од 2003 година. Нему препораки му дале колеги адвокати, но еден од нив бил на листа за пратеници од ДПА друг кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ.
И двајцата на интервјуата кои беа спроведени во собранието тврдеа дека се политички независни.
На утрешната седница на собранието пратениците ќе треба да гласаат за еден од нив откако од 10 пријавени и 7, кои го поминаа првиот филтер, овие двајца се сега ставени за гласање. Предлогот го даде Комисијата за избори и именување после спроведените интервјуа.
Испразнетото место е резервирано за немнозинските заедници кои се над 20 проценти во државата, а доаѓа на предлог на пратеникот на Вреди, Беким Ќоку.
Ова ќе биде трет обид да се избере член на судски совет по истекувањето на мандатот на Селим Адеми. Во првиот обид беше пријавен полициски инспектор, а друг пак сокри дека е разрешен судија.
Минатата недела судски совет остана без уште еден член. Половина година пред да и заврши мандатот на Павлина Црвенковска и беше испразнето местото поради старосна пензија.
Собранието го толкувало законот дека таа треба да замине од функцијата откако советот го прашал за мислење. Сега ќе треба да се врши избор од Собранието и за ова место.
Билјана Николовска
Б.С.
