Вести Македонија Најважни

Прво роденден на ВМРО ДПМНЕ, па реконструкција на владата

Прво ќе слави роденден на партијата, па ќе ја реконструира владата. По неколкумесечни најави, премиерот конечно постави временска рамка за почеток на разговорите со коалиционите партнери-крајот на следната недела, откако во среда во Струмица ќе го прослават партискиот роденден.

Коментирајќи ги тврдењата на опозицијата дека сака да оди на предвремени парламентарни избори затоа што владата ги потрошила државните пари, рече дека не му е таква намерата, но ако биде предизвикан, ќе одговори.

  • Нашиот став е да се оди на редовни избори, но ако бидеме предизвикани, ќе одговориме. Но, нашата опозиција е сокриена, има три-четворица кои држат прес-конференции полни со невистини и навреди, најчесто кон мене. И сега кога имаат можност да се покажат на терен, да видат еве колку ефект имаат тие нивни невистини и навреди кон мене, тие едноставно бегаат. Тоа нема да биде првпат што го прави СДСМ. Тоа веќе во историјата многу пати го направиле, изјави Христијан Мицкоски, премиер.

Од СДСМ му вратија дека се однесува како подвоена личност.

  • „Во ВМРО постојат двајца Мицкосски. Едниот најавува реконструкција на владата и продолжување на мандатот. Другиот веќе отворено зборува за предвремени избори. Кој Мицкоски е вистинскиот? Дали е оној кој сака да остане на власт до крајот на мандатот, или оној кој веќе се подготвува за избори затоа што нема пари во буџетот и не може да ја одржува власта? Ова не е политичка стратегија, туку доказ за слабост, несигурност и за тоа дека власта се распаѓа одвнатре“,велат од СДСМ.

И додека најголемите македонски партии повторно ја подгреваат темата избори, се чини дека реконструкцискиот бран ќе ги зафати и  ДУИ. По 24 години на чело на партијата, Али Ахмети на партиски собир во Желино најави можно повлекување од активното раководење и приклучување кон редовите на партиските ветерани. Во партијата се направени и промени на 83 проценти од раководството, а смениле  и 73 проценти  од раководните кадри во кумановскиот огранок.

Далиборка Демјанска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Адвокатите Феузи Џафери и Артим Ислами во трка за влез во Судскиот совет – трет обид да се избере нов член

Дејан Дејан

Мицкоски: Се бориме за фабрика повеќе и за добро платени работни места

Дејан Дејан

Гордана Сиљановска Давкова: ЕУ да подразмисли за методологијата на преговорите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе