Вести Македонија Најважни

Децениски ризик за Тетово: Необезбедениот цевковод во планината е закана за водоснабдувањето

По речиси десет години од пуштањето во употреба, новиот водоснабдителен систем на Тетово сè уште е далеку од комплетно функционален и безбеден. Околу 500 метри од главниот цевковод остануваат изложени над земјата, директно изложени на свлечишта и надворешни влијанија, што претставува постојана закана од нов прекин во водоснабдувањето за градот. Иако проблемот е идентификуван уште од претходната локална власт, тој останува отворен и во вториот мандат на актуелниот градоначалник, додека надлежните најавуваат нов проект за пренамена на трасата.

Новиот водоснабдителен систем за Тетово кој беше пуштен во употреба во септември 2017 година речиси десет години се наоѓа во опасност поради дел од цевководот што е оставен над земјата.

Како што неколку пати досега се случило, поради свлечишта на земја цевководот кој се протега низ Шар Планина па се до Тетово, бил оштетен па со тоа било загрозено водоснабдувањето. Вака оставените цевки во должина од неколку стотини метри се во ризик и поради изложеност други видови надворешни влијанија.

Овој систем беше пуштен во употреба во вториот мандат на поранешната градоначалничка Теута Арифи, а состојбата останува непроменета и сега кога Биљал Касами исто така по втор пат го води градот како градоначалник.

Во тетовското јавно претпријатие за водовод велат дека станува збор за околу 500 метри од цевководот кој треба да се регулира и да се стави под земја. Велат дека станува збор за наследен проблем.

  • Да, тоа е…. така сум ги наоѓал јас кога сум дошол директор, тие цевки, една е цевка е, што е над земјата и тоа да се треба да се стави под земја. Имаме сега нов проект. Од кога се реализира, тој проект се реализира така, без никој стандард.  Тоа треба да се менува сега трасата и да се става под земја – Ваљон Зеќири, директор ЈП за водовод Шар Тетово.

Од друга страна претпријатието велат дека овој период не ги ни користат овие дополнителни количини вода поради изобилност на капацитетот на стариот систем. Посочуваат дека за нив поголем проблем е несовесно трошење на водата и апелираат со тоа да се престане.

  • Моментално имаме пуштено 500 литри во секунда што ни влезат во град и тоа е многу да кажеме за Тетово. Од тоа што немаме водомери, водата се троши без милост, да кажам – Ваљон Зеќири, директор ЈП за водовод Шар Тетово.

Во 2021 година во повеќе наврати во зимските периоди поради оштетување на цевководот што е над земја, со денови граѓаните на Тетово немаа вода за пиење.

Александар Самарџиев

 Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Адвокатите Феузи Џафери и Артим Ислами во трка за влез во Судскиот совет – трет обид да се избере нов член

Дејан Дејан

Мицкоски: Се бориме за фабрика повеќе и за добро платени работни места

Дејан Дејан

Прво роденден на ВМРО ДПМНЕ, па реконструкција на владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе