Вести Свет

Орбан до Маѓар: Ако не се борите за Унгарија во ЕУ, бриселските бирократи ќе ве прегазат

Досегашниот унгарски премиер Виктор Орбан ја предупреди новата влада на Петер Маѓар да внимава во односите со бирократите во Брисел и да не се откажува од националниот сувернитет поради пари или политички поволности.

„Новите луѓе на власт мора многу јасно да разберат едно: ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат. Откажувањето од нашиот патриотски став и предавањето на националниот суверенитет за пари или политичко одобрување би било историска грешка. Не смееме да дозволиме странските елити да одлучуваат за нашата иднина“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.

Новиот унгарски премиер, Петер Маѓар, вчера положи заклетва, со што заврши 16-годишното владеење на Виктор Орбан. Неговата партија Тиса има 141 од 199 места во новиот парламент, иако само пред две години, кога беше основана партијата, немаше ниту едно. Фидес на Орбан падна од 135 на 52 места.

Маѓар најави дека главните приоритети на новата влада ќе бидат борбата против корупцијата и враќање на средствата од ЕУ замрзнати поради загриженоста за владеење на правото и корупцијата.

За време на инаугурацијата на Маѓар за нов премиер, знамето на ЕУ беше повторно кренато на зградата на Парламентот во Будимпешта, за прв пат откако владата на Орбан го отстрани во 2014 година.

Виктор Орбан по заминувањето од премиерската функција одлучи да се откаже и од пратеничкото место и најави дека ќе работи на обновување на партијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе