Собраниската Законодавно-правна комисија денеска расправа за законските измени со кои се предлага пратениците да поседуваат исклучиво македонско државјанство.
Според информациите има поднесено повеќе амандмани на предложениот текст.
Измените се поднесени по скратена постапка од пратеници на владејачкото мнозинство, откако СДСМ обвини дека дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поседуваат бугарски пасоши.
Еден од предлагачите, Бојан Стојаноски, изјави дека станува збор за стара тема и дека со законските измени сакаат да стават крај на, како што рече, политички манипулации.
Меѓувреме, опозицијата предложи дополнителни измени со кои забраната за двојно државјанство би се проширила и на претседателот на државата и на членовите на Владата.
Се очекува расправата во комисијата да покаже дали ќе има поширок политички консензус за овие предлози.
