Вести Македонија Најважни

Немало заштита од лизгање на земјиштето во Кисела вода каде што вчера загина работник – утврдил трудовиот инспекторат

На градилиштето во Кисела вода, каде вчера еден работник загина а четворица беа повредени, немало соодветна заштита од нагло лизгање на земјиштето во јамата. Ова за Телма го потврдија од Државниот трудов инспекторат по увидот. Во понедленик повторно ќе одат на втор увид, а очекуваат во вторник да ја добијат и документаицјата од фирмата изведувач „Компанија Јакимовски“ од инвеститотот „НАР Инвестмент“.

Според првичниот записник во кој е констатирана фактичката  состојба основната причина за несреќата е непревземени колективни  мерки за безбедност и здравје при работа  односно немало заштита на темелната јама од обрушување на земјиштето.  Земени се изјави од повредените и откао ке ги комлетираме документите ќе се направи кончен записник  со инспекциски мерки кои ќе ги преземеме. Повредените работници и загинатиот работник се пријавени, велат од државниот трудов инспекторат.

Од трудовиот инспекторат за Телма велат дека градилиштето од вчера е затворено. Издале усна забрана дека не смее да продолжат градежните работи додека не се утврдат мерки за заштита и безбедност на работниците.

Сепак она што треба да се направи во наредните денови е да се спречи понатамошно лизгање на земјиштето за да не настане штета врз соседните објекти, итно предложил општинскиот градежен инспектор.

Поради настанато лизгање на земјиштето и загрозена стабилност на соседните објекти се наредува да се преземат итни мерки за обезбедување на ископот и спречување да настапи лизгање на земјиштето и дополнитлени последици. Согласно стурчниот елаборат  од овластено лице, една од причините за настанатото лизгање на земјиштетот е зголемената влажност преизвикана од протекување на цевка, вели Стојан Трајчев,  Овластен градежен инспектор во општина Кисела вода.

На градилиштето денеска забележавме како двајца работници го повлекуваа багерот од градилиштето каде вчера еден работник загина, а четворица се повредени кога врз нив се урнала едната страна од ископот за темели на зграда и ги затрупала со земја.

Тројцата повредени работници кои беа на трауматологија, се во стабилна состојба и се пуштени на домашно лиекување, вели доктор Арсовски.

Дозволата за изградба на станбено деловен објект на улицата Козјак бр 4 е правосилна од 9 март годинава. Поранешниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Коневски кој е сопственик на фирмата инвеститор вчера не сакаше да зборува за настанот и рече дека истрагата ќе покаже како дошло до несреќата и дека градбата ги имала сите потребни документи и дозволи. Од компанијата изведувач и фирмата за надзор до сега не се огласија

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе