Вести Свет

Израелските сили нападнаа позиции на Хезболах во јужен Либан

Израелските сили нападнаа ракетни лансери што му припаѓаат на проиранското либанско шиитско движење Хезболах во јужен Либан во текот на ноќта, јави ДПА, повикувајќи се на денешно соопштение од израелската армија.

Во соопштението се вели дека спорните лансери претставуваат закана за израелските граѓани и војници.

Во меѓувреме, либанското Министерство за здравство објави дека шест лица се убиени, а две ранети во вчерашните израелските воздушни напади.

Шесте жртви се во бомбардирањата на Вади ал-Хуџеир, Шрифа, Јатер и Тулин на југот од земјата.

Израелската армија вчера соопшти дека нејзините војници убиле шестмина вооружени лица на Хезболах – двајца во престрелка во Бинт Џбеил и четворица во напад врз зграда што ја користи шиитската група во истиот град, кој се смета за нејзино упориште.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четврток дека прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах се продолжува за три недели, но нападите од двете страни продолжуваат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расте бројот на загинати во Венецуела, повеќе од 50 000 луѓе се пријавени за исчезнати

Дејан Дејан

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе