Вести Свет Топ вести

Се урна извидувачки дрон вреден 250 милиони по мисија над Ормускиот Теснец, потврди морнарицата на САД

Американската морнарица потврди дека извидувачко беспилотно летало од типот „MQ-4C Triton“ се урна во регионот на Персискиот Залив, наведувајќи дека станува збор за „несреќа“, додека одредени извори претходно тврдеа дека леталото било соборено од иранската противвоздушна одбрана.

Дронот исчезнал од радарите за време на мисија над Персискиот Залив, што предизвика шпекулации за негово соборување, пренесе порталот „Прес ТВ“. Леталото „MQ-4C Triton“ спаѓа меѓу најретките и најскапите беспилотни летала во употреба во американската морнарица, со проценета вредност меѓу 235 и 250 милиони долари.

Според достапните податоци, дронот непосредно пред исчезнувањето нагло изгубил висина од околу 15.000 метри на помалку од 3.000 метри. Во тој момент емитувал сигнали за вонредна состојба – најпрвин кодот 7400 за губење комуникација, а потоа и кодот 7700 за општа вонредна состојба.

Американската морнарица соопшти дека леталото веројатно се враќало во својата база во воздухопловната станица Сигонела во Италија по мисијата за надзор над Персискиот Залив и Ормуската Теснина.

Овој инцидент потсетува на случајот од 2019 година, кога иранските сили соборија американски дрон „RQ-4 Global Hawk“ над Оманскиот Залив. Извидувачките летала од типот „Тритон“ имаат клучна улога во следењето на ситуацијата во Персискиот Залив и Ормуската Теснина, особено во периодот на нестабилно примирје меѓу САД и Иран.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ескалација на судирите меѓу Израел и Хезболах во јужен Либан

Дејан Дејан

(Видео)Претседателот на СДММ е прераспределен на работно место кое е 100 километри од неговиот дом

Дејан Дејан

Поранешниот директор на Онкологија Нино Васев пуштен на слобода откако судот прифати парична гаранција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе