Вести Македонија Најважни

Над 100 текстилни работнички и работници од кочанската конфекција „Артекс“ останаа без работа, две плати и неисплатено К-15

Околу 100 текстилни работнички и работници од кочанската конфекција „Артекс“ останаа без работа, две плати и неисплатено К-15. Во текот на вчерашниот и денешниот ден им биле дадени да потпишат спогодбени отказни договори. Работничките со солзи во очи велат дека ова за нив е шок, бидејќи некои од нив во оваа конфекција работеле и над две децении.

„Тука работам, со две операции сум и сега сум на улица. Немам ни здравство ни ништо, каде да отидам јас. Две плати, К-15 и не ме следува ништо, дека да идам“, вели работничка од кочанската конфекција „Артекс“.

 

„Звоне телефонски кажува фирмата крај, пари нема, кој шок е тоа, две плати и К-15, оттука деца ранеме, сметки, кредити се и сешто. Лани декемврската 15.000 илјади денари беше пуштил“, рече друга работничка.

Текстилните работници откако ги добија спогодбените отказни решенија ги стуткаа и ги фрлија пред фабриката. Порачаа дека нема ги потпишат и покрај најавата дека во понеделник со адвокат ќе им се дадат откази.

„Ние не сме толку глупави и со осмо и со средно, тоа ние да го потпишеме невалидни документи“, додава трета работничка.

 

„Значи ако те следува од државата два-три месеца да не можеш да ги земеш. Зошто спогодбено нека ти даде отказ,нека ти даде платите, нека те ставе под Бирото. Нека каже жени фирмата нема работа до денеска, а ние како работници треба да му најавеме на него еден месец порано, кога ќе напуштеме, а он у 15 за 2 плата немаме. Затвара се фирмата на шо иде тоа“, додава четврта работничка.

 

„Друго можам да кажам јас сам бил у

синдикатот, лани потпиша на празен лист. Потпиша се, нема К-15. Превари не дадени 15.000 како регрес, 15.000 плата. Тогаш се затрајаме“,истакна работник.

Работниците ги повикаа институциите и инспекторите да ги заштитат и да им помогнат. Телма се обиде да ја слушне страната и на менаџерскиот тим на кочанската конфекција „Артекс“, но на телефонскиот број кој е наведен на страниците за бизнис компании не беа достапни.

Викторија Димитрова Јованова

 

Дигитална обработка: T.Д.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гвинеја го забрани извозот на суровото злато

Дејан Дејан

Книжевна вечер во македонскиот КИЦ во Загреб за Снежана Младеновска-Анѓелков и Игор Анѓелков

Дејан Дејан

Најмалку 13 загинати и 66 повредени – голема експлозија во Катар

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе