Осомничена жена во Мичиген успева да побегне од полициски автомобил, излегувајќи преку прозорецот без да биде забележана од полицијата која е на само неколку чекори до неа. Иако е со лисици на рацете, таа се провлекува низ полуотворениот прозорецот, скока од автомобилот и бега.
Целиот настан го снимил случаен минувач. На снимката се гледаат и полицајците кои додека жената бега, пребаруваат друго возило. Потоа еден од нив доаѓа до полициското возило и тропа на задниот прозорец каде била сместена осомничената.
Според медиумите таа била осомничена за прекршување на условната казна. Жената е најдена по објавеното видео и по пријава на човек кој ја забележал како се крие во напуштена куќа во близина на местото на бегството.
