Вести Свет

Kувајтски танкер со нафта погоден во Дубаи

Кувајтската нафтена корпорација соопшти дека танкерот за нафта „ал-Салми“  бил погоден од „непознат проектил“ покрај брегот на Дубаи во Обединетите Арапски Емирати. Фирмата вели дека пожарот на бродот е локализиран, целиот екипаж е безбеден и не е идентификувано никакво влијание врз животната средина.

Бродот превезувал околу 1,2 милиони барели саудиска сурова нафта и околу 800 000 барели кувајска сирова нафта.

Властите во Дубаи ги потврдија овие информации. Медиумската канцеларија на Дубаи соопшти дека тимовите за итни интервенции „успешно го локализирале инцидентот во кој беше вклучен кувајтскиот нафтен танкер во водите на Дубаи, при што не е забележано истекување на нафта и нема пријавени повреди“.

Во меѓувреме, дел од медиумите објавија дека неколку експлозии одекнале и во Дубаи, но властите информираа дека нивните одбранбени системи одговориле на заканите на проектили.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе