Вести Македонија

Никој не се пријавил да ја урива доградбата дивоградба на Бит-пазар

Никој не сака да ја урива доградбата на надградба врз станбена зграда на скопски Бит-пазар. Инспекторите од Општина Чаир констатирале дека се работи за дивоградба и издале решение за уривање, но на тендерот за избор на фирма за уривање не се пријавил никој. Инспекторите не утврдиле кој доградува цел кат врз трикатната зграда, врз која од претходно имаше доградено еден кат.

Општина Чаир на почетокот на овој месец распиша тендер за избор на фирма за уривање на бесправно изградени објекти на територијата на општината, вреден 3 милиони денари, односно скоро 50 илјади евра, но пред неколку дена постапката беше поништена.

„Во рокот утврден во огласот за јавна набавка не е поднесена ниту една понуда од страна на економски оператори. Општина Чаир ќе пристапи кон повторно спроведување на постапката за јавна набавка, преку објавување на нов оглас, со цел обезбедување на економски оператор за реализација на предметот на набавката“, велат во Општина Чаир.

На снимките што ги направивме денеска може да се забележи дека имаше неколкумина луѓе во објектот.

Објектот, кој предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, се наоѓа во тесните улички меѓу Бит-пазар и Чаршијата. Се забележува дека се работи за трикатна станбена зграда со поткровје покриено со црвен лим. Врз поткровјето потоа има дигнато уште еден кат, а сега се гради нов. Во Катастарот нема имотни листови за доградбата.

Општина Чаир на средината на јануари соопшти дека инспекторите излегле на терен, констатирале дека нема дозвола за градба или доградба, но не затекнале никого. Еден месец подоцна, дивоградбата доби покрив и прозорци, а општинските власти соопштија дека е издадено решение за уривање, но не е утврдено кој е инвеститор.

Досегашната пракса покажува дека дури и да се донесе решение за уривање, тоа може да се одолговлекува со години.

Срѓан Стојанчов

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе