Вести Свет

Турција, Египет и Саудиска Арабија предлагаат конзорциум за управување со Ормускиот Теснец

Пакистан денеска е домаќин на министрите за надворешни работи на Турција, Египет и Саудиска Арабија, во рамки на напорите за посредување во војната меѓу Иран, САД и Израел, со фокус на повторното отворање на стратешката Ормускиот Теснец за поморски сообраќај.

Според дипломатски извори, на Вашингтон му биле претставени предлози за стабилизирање на протокот на нафта. Еден од моделите, предложен од Египет, вклучува наплата на такси слични на оние во Суецкиот Канал. Се разгледува и можноста Турција, Египет и Саудиска Арабија да формираат меѓународен конзорциум кој би управувал со пловидбата низ овој клучен воден пат, во кој би бил вклучен и Пакистан.

Турскиот министер за надворешни работи истакна дека приоритет на Анкара е итен прекин на огнот, додека шефот на пакистанската дипломатија Ишак Дар објави дека Иран веќе се согласил да дозволи премин низ Ормускиот Теснец за дополнителни 20 бродови под пакистанско знаме. Пакистан, кој дели 900 километри граница со Иран, се позиционира како клучен посредник откако регионалниот конфликт ескалираше со нападите во кои досега загинаа над 1.340 лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе