Кавадарчанец бил лишен од слобода синоќа, откако во полиција било пријавено дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал на сопругата, информираа СВР Велес.
„Синоќа во 20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 40-годишниот Ѓ.И. по претходна пријава дека во неговиот дом, физички ја нападнал неговата 28-годишна поранешна сопруга и ѝ се заканувал“, соопшти СВР Велес.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител. По документирање на случајот против него ќе била поднесена соодветна пријава.
