Полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и казина, пришто констатираа повеќе прекршоци и изрекоа мерки за одржување на стабилна безбедносна состојба.
„На подрачјето на Општина Карпош беа извршени контроли во шест угостителски објекти, две казина и други објекти и притоа од слобода беше лишено едно лице за поседување дрога, три беа приведени за утврдување на идентитет, беше преземена една мерка по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, беа преземени 37 мерки по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а две возила беа подигнати со специјално возило „пајак““, соопшти МВР.
„На подрачјето на Општина Кисела Вода, пак, полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршија контроли во седум казина и седум угостителски објекти. Во шест казина констатирани се прекршоци од Закон за пушење, Закон за лична карта како и Закон за приватно обезбедување, а кај еден угостителски објект е констатирано дека нема одобрение за летна тераса, а кај еден угостителски објект е констатиран прекршок за пречекорено работно време“, додаваат од МВР.
За сите прекршоци изречени се соодветни санкции, најавија од МВР.
