Израел изврши најмалку 11 воздушни напади, некои поинтензивни, предизвикувајќи пожари на повеќе локации, насочени кон јужните предградија на Бејрут. Израелската армија издаде предупредување, повикувајќи ги жителите да ги „спасат свои животи и веднаш да ги евакуираат своите домови“.
Две болници ги евакуираа пациентите и персоналот. За сега не се пријавени жртви од нападите. Либанското министерство за здравство соопшти дека од започнувањето на нападите и заострувањето на непријателствата меѓу Израел и Хезболах бројот на жртви се искачил на 123 убиени лица.
