Вести Македонија

“Несудени” академци ја тужат Академија за судии и обвинители за поништениот оглас

Kандидати за идни судии и јавни обвиниутели ја тужат Академијарта за судии и јавни обивнители која го поништи огласот на кој тие се пријавија по речиси три години откако беше расишан.

Во Управниот суд биле формирани 12 предмети , 8 се тужби  со кои се бара да поништување на одлуката на Управниот одбор на Акадмијата 4 се предлози се бара издавање на времена мерка да се одложи извршувањето на одлуката  и да се забрани распишување на нов оглас до правосилно одлучување на овие предмет.

Од Управниот суд за Телма рекоа дека е донесено решение дека со кое се псојуваат сите предмети во 1 за водење на единствена постапка затоа што сите  ја оспоруваат истата одлука на Академијата.

Oд Академијата испратиле одговор на тужбите и треба  да биде закажана јавна расправа.

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на крајот на 2025 го  поништ иогласот за прием и обука на 130  судии и јавни обвинители а мегу главните причини за ваквата одлука беа посочени необезбедените финансии и променетите услови во законите

Огласот за оваа за сега псоледна генерација академци беше распишан во 2023. Патем  имаше и други пречки но заглави на приемниот испит во предизборието во 2024-та година.  По претставка на тогашната кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова, Антикорупциска го стопираше приемниот, со образложение дека постапката завршува со вработување, а тоа е спротивно на изборниот законик. А тоа беше потврдено и со судска одлука.

Но, и по изборите, оваа генерација остана заглавена. Новата влада ги запре сите постапки за вработување од претходно, а Академијата од тогаш бараше финансиски средства и соопштуваше дека не ги добила.

Академијата, чија основна цел е да обучува нови судии и обвинители,  повеке од една година, кога заврши осмата генерација.  Последиците ќе се почувствуваат во наредните години со оглед на тоа што нењдостаток на суди и обивнители има уште сега а за да излезе нова генерација на судии и обвинитeли потребни се најмалку две до три години.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе