Папата Лав ги повика лидерите на САД и на Русија да го обноват договорот за контрола на нуклеарното вооружување, Нов СТАРТ кој ќе ја ограничи количината на стратешко нуклеарно оружје кои може да го распоредат двете земји.
Лав, кој е прв американски Папа, го нагласи тоа за време на аудиенција во Ватикан со образложение дека „моментната ситуација во светот наложува да се стори се што е можно за да се спречи нова трка во вооружувањето“.
Актуелниот договор кој беше потпишан во 2010 година истекува утре. Рускиот претседател Владимир Путин во септемри предложи неформално продолжување на договорот за една година, но сè уште нема одговор од неговиот американски колега, Доналд Трамп.
„Упатувам итен апел да не се дозволи инструментот да истече. Потребно е било кога досега да се замени логиката на страв и недоверба во заедничката етика која е во состојба да ја премости секоја одлука за општото добро“, порача папата Лав.
Истекувањето на Нов СТАРТ ќе означи крај на повеќе од половина век ограничување на нуклеарното оружје.
