Вести Македонија Најважни

Македонија со научен проект за извоз на мозоци во САД се најде во Епстин документите

Примероци на мозочно ткиво патувале од Македонија во САД повеќе од една деценија, како дел од поголем научен проект на познатиот њујоршки Универзитет Колумбија. Станувало збор за 10-тина примероци годишно кои се користеле за истражување на болеста шизофренија, а во подоцнежниот период и за истражувања за депресија и за самоубиства, вели за „Топ тема“ на Телма, професорот Алексеј Дума, пензионираниот директор на Институтот за судска медицина, кој бил дел од проектот.

„Ние се фокусиравме на стручната работа и стручниот начин на анализирање на ткивата во потребната цел. Во почетокот беа шизофренија, па подоцна поради одредени стекнати дополнителни сознанија во текот на работата се отворија и самоубиствата, па до највисоките степени на депресија. Работевме исклучително според правните и етичките норми пропишани во развиениот свет, Америка беше многу пред нас  и ги имаше решено тие проблеми административно, комплетно и целосно. Значи ние се трудевме да ги задоволиме нивните барања, во тие институции. И сето тоа мораше за да помине до таму, мораше прво да биде регулирано тука во земјите кадешто излегуваат“, изјави Дума во „Топ Тема“.

Проектот завршен пред една деценија, а научниот труд е објавен во јули 2014 година преку американскиот Национален институт за здравство (NIH) и МАНУ. Стариот научен проект и трудот „Збирка за психијатриски мозоци во Македонија: Општи лекции за научна соработка меѓу земјите со различно богатство“ станаа актуелни во Македонија, откако детали за проектот беа најдени во познатите Епстин документи, документи од истрагата за грозоморниот педофил познат по злоупотреби на девојчиња и девојки.

Документите ги објавува американското Министерство за правда и се главна политичка тема во САД. За македонските мозоци е ставен и-мејл кој е испратен на И. Гроф, од инвестицискиот фонд Турмалин. Во мејлот е наведен текст од „Блумберг бизнисвик“ за американската криза со самоубиства и нејверојатно е за да се обезбедат пари за проектот, а инвеститорите да добијат аданочно олеснување.

„Малата балканска земја Македонија придонесува за најновите мозоци, благодарение на член на факултетот на Колумбија кој потекнува од таму и помогнал во организацијата. Македонските мозоци се замрзнуваат веднаш по нивното отстранување и се транспортираат во сандаци, под надзор, околу 4.700 милји (околу 7 560 километи), за да завршат во црни кутии со големина на кутија за чевли, обележани со QR-кодови“, се наведува во цитат од новинарски текст, најден во Епстин документите.

Македонскиот професор на Колумбија универзитетот е Горазд Росоклија, кој кратко ни одговори дека проектот бил одобрен од надлежните Етички комитети за истражувања. 

„Тој грант како и сите други грантови со Македонија, мислам шест или седум, ги имаат сите согласности од етичките комитети на Медицинскиот факултет, после 2006та кога станав академик и на етичкиот комитет на МАНУ, како и на Колумбија, и за секое ткиво кое е користено има писмен консент од семејството за интервју и за користење на ткивото“, ни одговори Горазд Росоклија, професор на универзитетот Колумбија во САД.

Во научниот труд е објавено дека македонската страна добила нови знаења и опрема и дека проектот докажал ефикасна научна размена.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе