Студентите кои сакаат да остварат право на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година имаат рок до 5 февруари за поднесување на пријава, соопшти министерството за образование и наука (МОН).
Правото е наменето за редовни студенти на додипломски студии со месечен приход понизок од минималната нето плата, како и за постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава.
Апликациите се поднесуваат електронски преку порталот Е-услуги, а условите и критериумите се објавени на веб-страницата на МОН. Студентите кои претходно ги изгубиле правата или не аплицирале досега, исто така можат да се пријават за користење на оваа поволност.
