Дизел горивата од полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77 отсто.
Новата малопродажна цена на дизелот ќе биде 68 денари, а Екстра лесното масло за горење ќе се продава по 67 денари за литар. Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 72 денара за литар, а Еуросупер БС-98 за 74 денари.
Со одлуката на РКЕ за 0,786 денари по килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,885 денари. Се зголемува и цената на мазутот, па килограм по полноќ, од сегашните 33,099, ќе чини 33,885 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,433 отсто, кај дизелот за 4,757, кај екстра лесното масло за 3,829 и кај мазутот за 5,973 отсто.
